Македонски
470
Македонски
Вовед
Честитки за купеното и добре дојдовте во Philips! За
целосно да ја искористите поддршката која ја нуди
Philips, регистрирајте го вашиот производ на
www.philips.com/welcome.
Важни безбедносни информации
Користете го производот само за неговата намена.
Внимателно прочитајте ги овие важни информации
пред да го користите производот и неговите батерии
и додатоци и зачувајте ги за во иднина. Погрешната
употреба може да доведе до опасности и сериозни
повреди.
Предупредувања
- Полнете само со Philips WAA1001, WAA2001, UL
или еквивалентни безбедносно одобрени
адаптери со влезно рангирање (100 – 240 V~;
50/60 Hz; 3,5 W) и излезно рангирање (5 Vdc; 2,5
W). За списокот со адаптери, видете
Philips.com/support
- Чувајте го полначот подалеку од вода.
- Проверете дали рачката е целосно сува пред да го
поврзете USB-полначот.
- Овој уред може да го користат деца и лица со
намалени физички, сензорни или ментални
способности или со недостиг на искуство и знаење,
доколку се под надзор или добиваат инструкции
за користењето на уредот на безбеден начин и ги
разбираат потенцијалните опасности. Децата не
треба да го чистат или да го одржуваат уредот без
надзор.
- Децата не треба да си играат со уредот.
- Користете само оригинални додатоци или
потрошни средства на Philips. Користете го само
USB-полначот што доаѓа со производот.
- Уредот не содржи делови што корисникот може
да ги сервисира. Ако уредот се оштети, престанете
да го користите и контактирајте со Центарот за
грижа на корисниците во вашата држава (видете
'Гаранција и поддршка').