591
Македонски
Забелешка: влакната од четката треба малку да се рашират. Не се
препорачува да четкате како со рачна четка за заби.
Забелешка: Ако премногу притискате, ќе бидете алармирани преку
промена во вибрациите на рачката.
5
За да ги исчистите внатрешните површини на предните заби, свртете
ја рачката на четката полунагоре и направете неколку вертикални
преклопувачки движења на четкање на секој заб.
6
Откако ќе го завршите циклусот на четкање, може дополнително да ги
четкате површините за џвакање на забите и местата каде што
настануваат дамки. Може да го четкате и јазикот, со вклучена или
исклучена четка за заби, како што претпочитате.
Забелешка: Вашата четка за заби Philips Sonicare е безбедна за употреба
на протези (главите на четките се трошат побрзо кога се користат на
протези) и забни реставрации (пломби, коронки, винири) доколку се
правилно залепени и не се компромитирани.
BrushPacer
За да се осигурите дека ќе четкате подеднакво во устата, поделете ја
устата на 6 дела со функцијата BrushPacer. BrushPacer го дели времето на
четкање на 6 еднакви сегменти и означува кога треба да преместите на
следната област. Сегментите се назначуваат со кратка пауза во
вибрациите. Четката за заби автоматски застанува на крајот од сесијата за
четкање.
Забелешка: Може да се додаде дополнително време кога го користите
режимот White (кога е достапно).