595
Македонски
BrushPacer
BrushPacer е тајмер за интервали што Ви помага да четкате рамномерно
низ устата преку делење на устата на 6 делови.
Забелешка: Кога е достапно, може да се додаде дополнително време кога
го користите режимот White.
SmarTimer
SmarTimer означува дека циклусот на четкање завршил со автоматско
исклучување на четката за заби на крајот од циклусот на четкање.
Стоматолозите препорачуваат четкање не помалку од 2 минути двапати
дневно.
Забелешка: Ако го притиснете копчето за вклучување/исклучување
откако ќе го започнете циклусот на четкање, четката за заби паузира. Ако
го притиснете копчето за вклучување/исклучување во рок од 30 секунди,
тајмерот продолжува да ви овозможува да го завршите циклусот на
четкање. По пауза од 30 секунди, SmarTimer се ресетира.
EasyStart
Овој модел на Philips Sonicare доаѓа со деактивирана функција EasyStart.
Функцијата EasyStart полека ја зголемува силата во текот на првите 14
четкања за да ви помогне да се навикнете на четкањето со Philips Sonicare.
Функцијата EasyStart функционира со сите режими.
Забелешка: Функцијата EasyStart е активирана на серијата 5500.
*Одрекување од одговорност
Кога четката за заби Philips Sonicare се користи за клинички испитувања,
таа мора да се користи со висок интензитет со рачката целосно
наполнета, а функцијата EasyStart деактивирана.
За да активирате EasyStart (видете „Активирање или деактивирање на
функциите”).
Потсетник за замена на глава на четка
Вашата четка Philips Sonicare е опремена со технологија BrushSync што го
следи абењето на главата на четката.