633
Македонски
за четкање, проверете ја Изјавата за приватност на
Sonicare, достапна во текот на целиот процес на
поставување на апликацијата.
Функции на апликацијата
Електричната четка за заби Sonicare е опремена со
паметни сензори за да ви дава повратни информации
за вашите навики на четкање, вклучително со:
- Дневни сесии на четкање
- Потрошено време за секоја сесија на четкање
- Применет притисок на четкање
- Персонализирани совети и интерактивни
препораки
- Потсетник за замена на глава на четка (според
вистинското користење)
Апликацијата Sonicare ги собира податоците преку
паметните сензори и ги следи вашите навики на
четкање со тек на време.
Започнување
1
Порамнете ја главата на четката, така што
влакната ќе бидат поставени во истата насока со
предниот дел на рачката.
2
Цврсто притиснете ја главата на четката врз
металниот издаден дел сѐ додека нема каде
повеќе да оди.
Забелешка: нормално е да има мал простор меѓу
главата на четката и рачката.
Користење на четката за заби Philips Sonicare
Ако ја користите вашата четка за заби Sonicare по прв
пат, нормално е да чувствувате повеќе вибрации
отколку кога користите неелектрична четка за заби.
Вообичаено е за тие што ја користат по прв пат да
вршат премногу притисок. Применете само нежен