EasyManua.ls Logo

Philips Sonicare DiamondClean Smart 9400 - Повратни информации на сензорот за притисок; BrushPacer; SmarTimer; Режим на спарување на главата на четката

Philips Sonicare DiamondClean Smart 9400
816 pages
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
639
Македонски
Повратни информации на сензорот за притисок
Четката за заби Sonicare го мери притисокот што го
применувате додека четкате за да ги заштити непцата
и забите од оштетување.
Ако премногу притискате, рачката ги менува
вибрациите и светлото за повратни информации
околу четкањето трепка во виолетова боја на дното
на рачката сѐ додека не го намалите притисокот.
Забелешка: Вашиот производ доаѓа со активиран
сензор за притисок. За да ја деактивирате оваа
функција (видете „Активирање или деактивирање на
функциите”).
BrushPacer
BrushPacer е тајмер за интервали што Ви помага да
четкате рамномерно низ устата преку делење на
устата на 6 делови. (видете „Упатства за четкање”)
SmarTimer
SmarTimer означува дека циклусот на четкање
завршил со автоматско исклучување на четката за
заби на крајот од циклусот на четкање.
Стоматолозите препорачуваат четкање не помалку од
2 минути двапати дневно.
Забелешка: Ако го притиснете копчето за
вклучување/исклучување откако ќе го започнете
циклусот на четкање, четката за заби паузира. По
пауза од 30 секунди, SmarTimer се ресетира.
Режим на спарување на главата на четката
Главите на четките со технологија BrushSync се
опремени со микрочип кој комуницира со рачката и
автоматски ја спарува со препорачаниот режим и
интензитет.
Повеќето глави на четки со технологија BrushSync
автоматски се спаруваат на режимот Clean. Главите на
четката што имаат посебни придобивки се спаруваат
само со соодветниот режим (кога е достапен), такви
примери се:
- G3 Premium Gum Care : Режим Gum Health
- W3 Premium White: Режим White+

Table of Contents

Related product manuals