EasyManuals Logo

Wilo Control EC-Booster User Manual

Wilo Control EC-Booster
Go to English
1212 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Page #527 background imageLoading...
Page #527 background image
Поставување mk
Упатство за вградување и работа Wilo-Control EC/ECe-Booster 527
6.4.2 Инсталација на приклучната
табла
Прицврстете ја приклучната табла на ѕидот со две завртки и типли:
Максимален дијаметар на завртките:
Пластично куќиште: 4mm (Control EC2), 6mm (Control EC3)
Челично куќиште: 8mm
Максимален дијаметар на главите на завртките:
Пластично куќиште: 7mm (Control EC2), 11mm (Control EC3)
Приклучната табла е исклучена од електричната мрежа и е без напон.
1. Одвртете ги шрафовите на капакот/вратата на разводниот орман и отворете
ги странично.
2. Порамнете ја приклучната табла на местото на инсталација и означете
бушотина.
3. Дупките за прицврстување треба да ги направите и исчистите согласно
податоците за материјалот за прицврстување.
4. Прицврстете ги долниот дел со материјалот за прицврстување за ѕидот.
Проверете дали долниот дел е деформиран! За капакот на куќиштето да се
затвори точно, порамнете ги деформираните куќишта (пр. поставете плочки
за израмнување).НАПОМЕНА! Ако капакот не се затвора добро, тоа ќе има
последици по видот на заштита!
5. Затворете го капакот/вратичката од разводниот орман и прицврстете ја со
шрафовите.
Приклучната табла е инсталирана. Потоа, поврзете со електричната мрежа,
поврзете ги пумпите и сигнализаторот.
6.5 Електрично поврзување
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Неправилното ракување со електриката може да доведе до смрт поради
струен удар! На електриката треба да работи стручен електричар следејќи ги
локалните прописи.
НАПОМЕНА
Во зависност од импеданцата на системот и макс. вклучувања/часови на
приклучениот потрошувач, може да дојде до осцилации и/или пад на
напонот.
При користењето на заштитени кабли, заштитата се поставува на едната
страни од приклучната табла на шината за заземјување!
Приклучувањето мора секогаш да го прави стручен електричар!
Внимавајте на Упатството за вградување и работа на приклучените пумпи и
сигнализаторот.
Струјата и напонот на приклучувањето на мрежата мора да соодветствуваат на
податоците од натписната плочка.
Осигурувачот од страна на мрежата се изведува согласно локалните прописи.
Кога се користи заштитна склопка на вод, изберете карактеристики на
приклучната табла согласно приклучената пумпа.
Ако инсталирате заштитен прекинувач за резидуална струја (RCD, тип А,
синусоидна струја, за сите струи), придржувајте се до локалните закони.
Поставете го кабелот за поврзување согласно локалните прописи.
Не оштетувајте го кабелот за поврзување додека го поставувате.
Заземјете ја приклучната табла и сите електрични потрошувачи.

Table of Contents

Questions and Answers:

Question and Answer IconNeed help?

Do you have a question about the Wilo Control EC-Booster and is the answer not in the manual?

Wilo Control EC-Booster Specifications

General IconGeneral
BrandWilo
ModelControl EC-Booster
CategoryController
LanguageEnglish

Related product manuals