EasyManuals Logo

Wilo Control EC-Booster User Manual

Wilo Control EC-Booster
Go to English
1212 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Page #548 background imageLoading...
Page #548 background image
mk Пуштање во работа
548 WILO SE 2019-07
8.3.1 Подесување на надгледувањето
на струјата на моторот
ОПАСНОСТ
Опасност по животот од струен удар!
Постои опасност по животот кога се работи на отворена приклучната табла!
Составните елементи се под напон! Работите мора секогаш да го изведува
стручен електричар.
Прикажување на актуелната вредност на надгледувањето на струјата на
моторот
1. Држете го контролното копче 3 секунди.
Ќе се појави Мени 1.00.
2. Вртете го контролното копче додека не се појави Мени 4.00.
3. Притиснете го контролното копче.
Ќе се појави Мени 4.01.
4. Вртете го контролното копче додека не се појават менијата од 4.25 до 4.27.
Мени 4.25: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 1.
Мени 4.26: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 2.
Мени 4.27: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 3.
Проверка на актуелната вредност на надгледувањето на струјата на моторот.
Изедначете ги поставените вредности со податоците од натписната плочка.
Ако отстапуваат поставените вредности од податоците од натписната
плочка, изедначете ги.
Вредност за приспособување на надгледувањето на струјата на моторот
Проверете го нагодувањето на надгледувањето на струјата на моторот.
1. Вртете го контролното копче додека не се појават менијата од 4.25 до 4.27.
Мени 4.25: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 1.
Мени 4.26: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 2.
Мени 4.27: Се прикажува нагодената струја на моторот за пумпа 3.
2. Отворете ја приклучната табла.
ОПАСНОСТ!Опасност по животот од струен удар! Постои опасност по
животот кога се работи на отворена приклучната табла! Таквите работи се
изведуваат од страна на стручен електричар!
3. Коригирајте го потенциометарот за струјата на моторот (видете Преглед на
составните елементи) со вртење со помош на шрафцигер. Измените читајте
ги директно на дисплејот.
4. Кога е коригирана сета струја на моторот, затворете ја приклучната табла.
Надгледувањето на струјата на моторот е подесена. Извршете контрола на
насоката на вртење.
8.3.2 Проверка на насоката на вртење
на приклучените пумпи
НАПОМЕНА
Вртежно поле на мрежата и приклучување на пумпа
Вртежното поле на приклучувањето на мрежа се спроведува директно кон
приклучувањето на пумпата. Проверете го потребното вртежно поле на
приклучените пумпи (десна или лева насока на вртење)! Внимавајте на
Упатството за вградување и работа на пумпите.
Контролирајте ја насоката на вртење на пумпата преку пробно работење.
ВНИМАНИТЕЛНО!Материјални штети! Извршете пробно работење согласно
пропишаните услови за работа.
Приклучната табла е затворена.

Table of Contents

Questions and Answers:

Question and Answer IconNeed help?

Do you have a question about the Wilo Control EC-Booster and is the answer not in the manual?

Wilo Control EC-Booster Specifications

General IconGeneral
BrandWilo
ModelControl EC-Booster
CategoryController
LanguageEnglish

Related product manuals