mk Безбедност
522 WILO SE 2019-07
▪Безбедносните напомени за лични повреди започнуваат со сигнален збор и имаат
соодветен симбол.
ОПАСНОСТ
Вид и извор на опасноста!
Ефектите на опасноста и упатства за нејзино избегнување.
▪Безбедносните напомени за материјални штети започнуваат со сигнален збор и
се прикажани без симбол.
ВНИМАНИТЕЛНО
Вид и извор на опасноста!
Ефекти или информации.
Сигнални зборови
▪Опасност!
Невнимание може да предизвика смрт или најтешки повреди!
▪Предупредување!
Невнимание може да предизвика (најтешки) повреди!
▪Внимателно!
Невнимание може да предизвика материјални штети, а можна е и целосна
хаварија.
▪Напомена!
Корисни напомени за ракување со производот
Текстуално
‡ Предуслов
1. Работен чекор/набројување
⇒ Напомена/инструкција
▶ Резултат
Симболи
Во овие упатства се употребуваат следните симболи:
Опасност од електричен напон
Опасност од експлозивна атмосфера
Корисни забелешки
2.2 Квалификации на персоналот
Персоналот мора:
▪Да ги разгледа локалните важечки прописи за несреќни случаи.
▪Да ги прочита и да го разбере Упатството за вградување и работа.
Персоналот мора да ги има следните квалификации:
▪Работа со електриката: На електриката мора да работи само стручен електричар.
▪Инсталација/демонтажа: Стручното лице мора да е обучено во поглед на
работата со потребните алати и материјали за прицврстување за дадената
површина.
▪Ракување/управување: Работниот персонал мора да биде упатен околу
функционирањето на целата постројка.
Дефиниција за „Стручен електричар“
Стручен електричар е лице со соодветно стручно образование, познавања и
искуства, коешто е запознаено со опасностите во однос на струјата и коешто знае
да ги избегне истите.
2.3 Работа со електриката
▪Работата со електриката мора секогаш да ја изведува стручен електричар.