EasyManua.ls Logo

Wilo Control EC-Booster - Page 523

Wilo Control EC-Booster
1212 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Прописна употреба mk
Упатство за вградување и работа Wilo-Control EC/ECe-Booster 523
Секогаш кога работите на производот, тој треба да биде исклучен од струја и да е
осигуран од повторно вклучување.
Внимавајте на локалните регулативи во однос на приклучувањето за струја.
Придржувајте се до податоците овозможени од локалната служба за
електродистрибуција.
Заземјете го производот.
Придржувајте се до техничките податоци.
Веднаш заменете го дефектниот кабел за поврзување.
2.4 Уреди за надгледување
Заштитна склопка на вод
Големината и карактеристиките на прекинувачот на заштитната склопка на вод,
се одредува според номиналната струја на поврзаниот потрошувач. Внимавајте на
локалните прописи.
2.5 Инсталација/демонтажа
Придржувајте се до важечките закони и прописи за работна безбедност и за
спречување несреќи на местото на примена.
Производот треба да биде исклучен од струја и да е осигуран од повторно
вклучување.
Употребувајте соодветен материјал за прицврстување за основата на
располагање.
Производот не е отпорен на вода. Изберете соодветно место за инсталација!
Не искривувајте го куќиштето при инсталација. Заптивањата може да пропуштаат
и да ја загрозат наведениот вид на заштита IP.
Не инсталирајте го производот во подрачја со ризик од експлозија.
2.6 За време на работата
Производот не е отпорен на вода. Придржувајте се до видот на заштита IP54.
Температура на околината: 0 ... 40 °C.
Максимална влажност на воздухот: 90%, некондензирачка.
Не отворајте ја приклучната табла.
Лицето што ракува со производот мора веднаш да го пријави секој дефект или
неправилност кај одговорното лице.
Во случај на оштетувања на производот или на кабелот за поврзување, веднаш
исклучете го производот.
2.7 Одржување
Не употребувајте агресивни или абразивни средства за чистење.
Производот не е отпорен на вода. Не потопувајте го во течности.
Треба да се врши одржување само како што е опишано во ова Упатство за
вградување и работа.
Кога вршите одржување или поправка, треба да користите само оригинални
делови од производителот. Ако употребите други неоригинални делови,
производителот нема да преземе одговорност за производот.
2.8 Обврската на раководителот
Да го снабди персоналот со Упатство за вградување и работа на својот јазик.
Да утврди дали персоналот го има потребното познавање за дадената работа.
Да ги одржува читливи безбедносните таблички или табличките со напомени.
Да го упатува персоналот околу принципот на работа на постројката.
Да ги елиминира сите опасности од електриката.
Да ги дефинира работните задачи на персоналот за да се овозможи безбеден тек
на работата.
Забрането е деца и лица под 16 години или со ограничени физички, сензорни или
ментални способности да ракуваат со производот! Лицата под 18 години треба да
бидат надгледувани од стручно лице!
3 Прописна употреба
Приклучната табла служи за управување независно од притисокот со најмногу
три пумпи:
Control EC-Booster: нерегулирани пумпи со фиксен број на вртежи
Control ECe-Booster: електронски регулирани пумпи со варијабилен број на
вртежи
Откривањето на сигналот се прави преку сензор за притисок.
Прописната употреба вклучува и придржување до овие упатства. Секое
отстапување од нив се смета за непрописно.

Table of Contents

Related product manuals