Поставување mk
Упатство за вградување и работа Wilo-Control EC/ECe-Booster 533
Fig.13: Симбол за преглед на приклучување
Може да се поврзе надворешна сигнализација за грешка на фреквентен
конвертор за секоја пумпа. Излезот на фреквентниот конвертор мора да работи
како отворачки контакт!
Кабелот за поврзување што го обезбедува корисникот се прицврстува преку
навртување на каблите. Жиците се приклучуваат за приклучната лента според
планот на приклучување. Отстранете го бројот на клеми на прегледот на
приклучување во капакот. „Х“ во симболот ја означува соодветната пумпа:
▪1 = пумпа 1
▪2 = пумпа 2
▪3 = пумпа 3
6.5.9 Приклучување на сензор за
притисок
НАПОМЕНА
Не причинувајте надворешен напон!
Надворешниот напон може да го расипе составниот елемент.
Регистрирањето на притисокот се прави со аналоген сензор за притисок 4-20mA.
Кабелот за поврзување што го обезбедува корисникот се прицврстува преку
навртување на каблите. Жиците се приклучуваат за приклучната лента според
планот на приклучување. Отстранете го бројот на клеми на прегледот на
приклучување во капакот.
Fig.14: Симбол за преглед на приклучување
НАПОМЕНА!Употребете заштитен кабел за поврзување! Поставете ја
заштитата еднострано!
НАПОМЕНА!Внимавајте на правилниот поларитет на сензорот за притисок! Не
приклучувајте активен сензор за притисок.
6.5.10 Приклучок за заштита од сув од
(недостаток на вода)
НАПОМЕНА
Не причинувајте надворешен напон!
Надворешниот напон може да го расипе составниот елемент.
Fig.15: Симбол за преглед на приклучување
Недостатокот на вода (заштита од сув од) може да се надгледува дополнително
преку пловка или притисочен прекинувач:
▪Контакт отворен: Сув од
▪Контакт затворен: нема сув од
Стегите се фабрички нагодени со мост.
Кабелот за поврзување што го обезбедува корисникот се прицврстува преку
навртување на каблите. Отстранете го мостот и приклучете ги жиците за
приклучната лента според планот на приклучување. Отстранете го бројот на
клеми на прегледот на приклучување во капакот.
6.5.11 Приклучок „Extern OFF“:
Далечинско исклучување
НАПОМЕНА
Не причинувајте надворешен напон!
Надворешниот напон може да го расипе составниот елемент.