EasyManuals Logo

Carrier 42QHC009D8S Series Installation Manual

Carrier 42QHC009D8S Series
366 pages
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Page #200 background imageLoading...
Page #200 background image
1. ПОДГОТОВКА ЗА МОНТИРАЊЕ
МК-3
1.1 Мерки за претпазливост
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Овој симбол укажува на можноста за повреда на персоналот или губење на животот.
Ладилниот гас е потежок од воздухот и го заменува кислородот. Големо протекување може да доведе
до осиромашување на кислородот, особено во подруми, и може да се случи несреќа со задушување што води
до сериозни повреди или смрт.
Ако клима уредот е монтиран во мала соба, утврдете соодветни мерки за да бидете сигурни дека
концентрацијата на протечено средство за ладење во собата не го надминува критичното ниво.
Ако ладилниот гас истече за време на монтажата, веднаш проветрете ја областа.
Гасот за ладење може да произведе токсичен гас ако дојде во контакт со оган, како на пример од греалка, шпорет
или уред за готвење.
Изложеноста на овој гас може да предизвика сериозна повреда или смрт.
Исклучете го уредот од електричната мрежа пред вршењето на каква било електрична работа.
Правилно поврзете го кабелот за поврзување.
Погрешното поврзување може да резултира со оштетени електрични делови.
Користете ги одредените кабли за електричните врски и цврсто прикачете ги жиците на делот за поврзување
на клемата, така што надворешната сила нема да притиска на терминалот.
Не заборавајте да обезбедите заземјување.
Не заземјувајте ги уредите на цевки за гас, цевки за вода, громобрани или телефонски жици. Некомплетното
заземјување може да предизвика сериозна опасност од електричен удар од што може да дојде до повреда или смрт.
Безбедно ослободете се од материјалите од пакувањето.
Материјалите за пакување, како што се шајките и други метални или дрвени делови, може да предизвикаат убоди
или други повреди. Распарчете ги и фрлете ги пластичните кеси за пакување за децата да не си играат со нив.
Децата кои си играат со пластични кеси се соочуваат со опасност од задушување.
Не монтирајте опрема близу до концентрации на запаливи гасови или до испарувања од гас.
Употребете ги испорачаните или точно определените монтажни делови.
Употребата на други делови може да доведе до олабавување на уредот, протекување вода, струен удар,
пожар или оштетување на опремата.
Кога го монтирате или преместувате системот, не дозволувајте да влезе воздух или други материи, освен
одреденото средство за ладење (R410A/R32) во колото за ладење.
Внатрешните единица од типот канал или касета не треба да се достапни за пошироката јавност, туку
се наменети за одржување од страна на квалификуван персонал за сервисирање, а треба да се поставени
на ниво не пониско од 2,5 м од подот.
Електричната работа треба да се врши во согласност со упатството за монтажа и националните, државните
и локалните норми за електрично поврзување.
Уверете се дека користите посебно електрично коло. Никогаш не делете го истиот штекер со други апарати.
Монтирањето, вклучувањето и сервисирањето на опремата за климатизирање може да биде опасно поради
системскиот притисок, електричните компоненти и локацијата на опремата (покриви, подигнати структури итн.).
Само обучени, квалификувани монтери и сервисери треба да ја инсталираат, вклучуваат и да ја користат оваа опрема.
Кога се работи на опремата, треба да се почитуваат мерките на претпазливост дадени во упатствата и на ознаките,
налепниците и етикетите прикачени на опремата.
Следете ги сите безбедносни норми. Носете заштитни очила и ракавици. Додека лемите, имајте крпа и апарат
за гаснење пожар во близина. Внимателно ракувајте, местете и поставувајте ја гломазната опрема.
Темелно прочитајте ги овие упатства и следете ги сите предупредувања или мерки на претпазливост дадени
во упатствата и прикачени на единицата. Погледнете ги локалните норми за градба и националниот електричен кодекс
за посебни барања.

Table of Contents

Other manuals for Carrier 42QHC009D8S Series

Questions and Answers:

Question and Answer IconNeed help?

Do you have a question about the Carrier 42QHC009D8S Series and is the answer not in the manual?

Carrier 42QHC009D8S Series Specifications

General IconGeneral
BrandCarrier
Model42QHC009D8S Series
CategoryAir Conditioner
LanguageEnglish

Related product manuals