Безбедност mk
Упатство за вградување и работа Wilo Motor FK 17.1, FK 202, FK 34, FK 42 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID 637
Предупредување за висок притисок
Предупредување за висечки товар
Лична заштитна опрема: Носете шлем
Лична заштитна опрема: Носете заштитни чевли
Лична заштитна опрема: Носете ракавици
Лична заштитна опрема: Носете заштита за устата
Лична заштитна опрема: Носете заштитни очила
Забрането е да работите сами! Мора да биде присутно второ лице.
Корисни забелешки
2.2 Лична квалификација
Персоналот мора:
▪Да ги разгледа локалните важечки прописи за несреќни случаи.
▪Да ги прочита и да ги разбере упатствата за вградување и работа.
Персоналот мора да ги има следните квалификации:
▪Работа со електриката: На електриката мора да работи само стручен електричар.
▪Монтажа/демонтажа: Стручното лице мора да е обучено во поглед на работата со
потребните алати и материјали за прицврстување за дадената површина.
▪Одржување: Стручното лице мора да е запознаено со работните материјали и
како да ги фрли во отпад. Освен тоа, стручното лице мора да има основни
познавања од дизајнот на машината.
Дефиниција за „Стручен електричар“
Стручен електричар е лице со соодветно стручно образование, познавања и
искуства, коешто е запознаено со опасностите во однос на струјата и коешто знае
да ги избегне истите.
2.3 Работа со електриката
▪Работата со електриката мора секогаш да ја изведува стручен електричар.
▪Секогаш кога работите на производот, тој треба да биде исклучен од струја и да е
осигуран од повторно вклучување.
▪Внимавајте на локалните регулативи во однос на приклучувањето за струја.
▪Придржувајте се до податоците овозможени од локалната служба за
електродистрибуција.
▪Персоналот треба да биде информиран за тоа како ќе се изведе електричното
поврзување.
▪Персоналот треба да биде информиран за тоа како ќе се изведе исклучувањето
на производот.
▪Внимавајте на техничките податоци во овие упатства за вградување и работа,
како и на натписните плочки.
▪Заземјете го производот.
▪Внимавајте на регулативите за поврзување на електрична приклучна постројка.
▪Придржувајте се до прописите за електромагнетна компатибилност кога
употребувате електронски контроли за стартување (пр. уред за меко стартување