EasyManua.ls Logo

Wilo FK 17.1 - Дозволено За Експлозивни Подрачја

Wilo FK 17.1
Print Icon
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
mk Прилог
680 WILO SE 2019-01
▪Да се придржувате до граничната вредност за наднапон и до брзината на
покачување согласно IEC60034‑25. Евентуално, може да мора да се постави
излезен филтер.
▪Фреквентноста на пулсот на фреквентниот конвертор варира.
▪Употребете надворешна двојна електрода за заварување при грешка на
внатрешното надгледување на заптивна комора.
Следните мерки може исто така да послужат за намалување или избегнување на
грешки:
▪Одделен вод за снабдување со струја за главната и контролната линија (зависно
од големината на моторот).
▪Оставете доволно простор меѓу главната и контролната линија.
▪Употреба на заштитени водови за снабдување со струја.
Преглед
▪Континуирана работа до номинална фреквенција (50Hz или 60Hz) со
надгледување на минималната брзина на струење.
▪Имајте ги предвид дополнителни мерки како што се EMV прописите (избор на
фреквентен конвертор, употреба на филтер итн.).
▪Никогаш не пречекорувајте ја номиналната струја и номиналниот број на вртежи.
▪Поврзување на уред за надгледување на температурата на моторот (биметален
или PTC-сензор).
13.3 Дозволено за експлозивни
подрачја
Ова поглавје содржи дополнителни информации за работата на пумпата во
експлозивни атмосфери. Целиот персонал мора да го прочита ова поглавје.
Поглавјето важи само за пумпи дозволени за експлозивни подрачја!
13.3.1 Означување на пумпи
дозволени за експлозивни
подрачја
За да се употребува во експлозивни атмосфери, натписната плочка на пумпата
мора да биде означена со:
▪Симболот „Ex“ за соодветното одобрение
▪Класификација за експлозија
▪Број на сертификација (зависно од одобрението)
Бројот на сертификација се наоѓа на натписната плочка ако тоа го наложува
одобрението.
13.3.2 Вид на заштита
Конструкциската изведба на моторот одговара на следните видови на заштита:
▪Капсулизација отпорна на притисок (ATEX)
▪Explosionproof (FM)
За ограничување на површинската температура, моторот е опремен со најмалку
едно ограничување на температурата (1 коло за надгледување на температурата).
Можно е и регулирање на температура (2 кола за надгледување на
температурата).
13.3.3 Прописна употреба
ОПАСНОСТ
Експлозија поради пренос на експлозивни медиуми!
Строго забрането е пренесување на лесно запаливи и експлозивни медиуми
(бензин, керозин итн.) во чиста форма. Постои опасност по животот поради
експлозија! Пумпите не се осмислени за вакви медиуми.
ATEX-одобрение
Пумпите се наменети за работа во подрачје во кое постои опасност од експлозија:
▪Група на уреди: II
▪Категорија: 2, зона1 и зона2
Пумпите не смеат да се применуваат во зоната 0!
FM-одобрение
Пумпите се наменети за работа во подрачје во кое постои опасност од експлозија:
▪Вид на заштита: Explosionproof
▪Категорија: Class I, Division 1

Table of Contents