EasyManua.ls Logo

Wilo FK 17.1 - Уреди За Надгледување

Wilo FK 17.1
1364 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
mk Опис на производот
642 WILO SE 2019-01
4.1.3 Систем за ладење
Моторот има активен систем за ладење. За да се лади, моторот се полни со
медицинско бело масло. Постојаната циркулација на разладното средство се
прави со работно коло. Работното коло се придвижува од вратилото на моторот.
Вишокот топлина директно се пренесува на медиумот преку разладна фланжа.
Самиот систем за ладење е без притисок.
4.1.4 Заптивање
Транспортот на медиуми и моторот се заптиваат со две механички заптивки.
Распоредот на двете механички заптивки се прави на два различни начини:
Изведба „G“: две одделни механички заптивки
Изведба „K“: Две механички заптивки во една касета блок-заптивки од
нерѓосувачки челик
Заптивната комора помеѓу лизгачките механички заптивки е наполнета со
медицинско бело масло и апсорбира секакво можно протекување на медиумот
низ механичката заптивка.
4.1.5 Материјал
Во стандардна изведба се применуваат следните материјали:
Куќиште на пумпа: EN-GJL-250 (ASTMA48 Class35/40B)
Работно коло: EN-GJL-250 (ASTMA48 Class35/40B)
Куќиште на мотор: EN-GJL-250 (ASTMA48 Class35/40B)
Заптивање:
Од страната на моторот: SiC/SiC
На страна на медиумот: SiC/SiC
Статичка: NBR (Nitril)
Точните податоци за материјалите се дадени во соодветните конфигурации.
4.2 Уреди за надгледување
Преглед на можните уреди за надгледување:
FK 17.1 FK 202 FK 34 FK 42
Внатрешни уреди за надгледување
Просторија на моторот
Намотка на мотор
Лежиште на мотор
o o
Заптивна комора
Надворешни уреди за надгледување
Заптивна комора
o o o o
Легенда: − = нема на располагање/можно е, o = изборно, • = во стандардна
изведба
Сите уреди за надгледување на располагање мора секогаш да бидат
приклучени!
Надгледување на просторијата на моторот
Надгледувањето на просторијата на моторот ја штити намотката на моторот од
краток спој. Влагата се открива преку електрода.
Надгледување на намотката на моторот
Термичкото надгледување на моторот ја штити намотката на моторот од
прегревање. Во стандардна изведба се вградува ограничување на температурата
со помош на биметален сензор.
Како опција температурата може да се регистрира со PTC-сензор. Освен тоа,
термичкото надгледување на моторот може да се изведе и како регулирање на
температурата. На тој начин е возможно регистрирање на две температури. Кога
ќе се достигне пониската температура, по ладењето моторот може автоматски да
се вклучи повторно. Кога ќе се достигне висока температура, прво мора да се
направи исклучување и ќе се постави блокада од повторно вклучување.
Внатрешно надгледување на заптивната комора
Оваа заптивна комора е опремена со внатрешна електрода за заварување.
Електродата регистрира навлегување на медиум преку лизгачката механичка
заптивка од страната на медиумот. Преку управувањето на пумпа може да се
вклучи аларм или да следува исклучување на пумпата.

Table of Contents

Related product manuals