EasyManua.ls Logo

Wilo FK 17.1 - Работа Со Фреквентен Конвертор

Wilo FK 17.1
1364 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Прилог mk
Упатство за вградување и работа Wilo Motor FK 17.1, FK 202, FK 34, FK 42 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID 679
Нерѓосувачки шрафови A2/A4
Навој Вртежен момент
Nm kp m ft·lb
M8
18,5 1,89 13,5
M10
37 3,77 27,5
M12
57 5,81 42
M16
135 13,77 100
M20
230 23,45 170
M24
285 29,06 210
M27
415 42,31 306
M30
565 57,61 417
Шрафови обложени со Geomet (цврстина 10.9) со шајбна Nord-Lock
Навој Вртежен момент
Nm kp m ft·lb
M5
9,2 0,94 6,8
M6
15 1,53 11
M8
36,8 3,75 27,1
M10
73,6 7,51 54,3
M12
126,5 12,90 93,3
M16
155 15,81 114,3
M20
265 27,02 195,5
13.2 Работа со фреквентен
конвертор
Во сериска верзија, моторот може да се управува со фреквентен конвертор (со
земање предвид на IEC60034‑17). При измерен напон од 415V/50Hz oder
480V/60Hz мора да се консултирате со службата за односи со корисниците.
Измерената моќност на моторот мора биде за околу 10% повисока од потребата
на пумпата поради дополнителното греење предизвикано од хармониците. Кај
фреквентен конвертор со ниски хармоници, може да се намали дополнителната
моќност од 10%. Намалувањето на хармониците се прави со излезен филтер.
Фреквентниот конвертор и филтерот мора да бидат усогласени еден со друг.
Димензионирањето на фреквентниот конвертор е според номиналната струја на
моторот. Треба притоа да се внимава пумпата да работи без вибрации и тресења,
особено кога има мал број на вртежи. Така може да се одвртат и да се оштетат
механичките заптивки. Освен тоа, мора да се внимава и на брзината на струење во
цевководот. Кога е прениска брзината на струење, се јавува опасност од
таложење на цврсти предмети во пумпата и во цевководот. Се препорачува
минимална брзина на струење од 0,7m/s (2,3ft/s) при притисок на транспорт од
0,4bar (6psi).
Важно е пумпата да работи без тресења, резонанции, нишања и преголема
бучава. Поголемата бучава на моторот поради поголемата снабдувачка со струја е
нормална.
При параметрирањето на фреквентен конвертор, треба да внимавате на
квадратните карактеристики (U/f-карактеристика) fза пумпи и вентилатори! U/f-
карактеристиката се грижи за тоа излезниот напон да е приспособен на
побарувачката на пумпата кога фреквенциите се помали од номиналната
фреквенција (50Hz или 60Hz). Поновите фреквентни конвертори нудат и
автоматска оптимизација на енергијата - оваа автоматика го постигнува истиот
ефект. Треба да внимавате на упатствата за работа со фреквентниот конвертор
кога го нагодувате.
Кога се управува моторот со фреквентен конвертор, во зависност од типот и
условите на инсталација, може да наидете на грешки кај надгледувањето на
моторот. За да ги намалите или избегнете овие грешки, може да ги примените
следните мерки:

Table of Contents

Related product manuals