EasyManua.ls Logo

Wilo FK 17.1 - Page 649

Wilo FK 17.1
1364 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
Инсталација и електрично поврзување mk
Упатство за вградување и работа Wilo Motor FK 17.1, FK 202, FK 34, FK 42 + EMU FA, Rexa SUPRA, Rexa SOLID 649
Мора да постои можност за безбедно монтирање. Местото на складирање, како и
работната просторија/местото на поставување мора да бидат достапни со помош
на опрема за подигнување. Местото на поставување мора да има цврста основа.
Поставените водови за снабдување со струја треба да овозможат безбедна
работа. Проверете дали пресекот на кабелот и неговата должина се доволни за
избраниот тип на поставување.
Кога користите приклучни табли, мора да внимавате на соодветната IP-класа.
Приклучната табла треба да биде обезбедена од преплавување и да е
инсталирана надвор од подрачјето во кое постои опасност од експлозија!
Не дозволувајте во транспортираниот медум да влезе воздух, употребувајте
лимена или друг вид преграда. Транспортираниот воздух може да се насобере во
цевководот и да предизвика недозволени работни услови. Отстранете ги
меурчињата воздух преку уредите за вентилација!
Забрането е пумпата да работи на суво! Не дозволувајте да навлегуваат меурчиња
воздух во хидрауличното куќиште или во цевководот. Никогаш не дозволувајте
нивото на водата да биде под дозволеното. Се препорачува инсталација на
заштита од работа на суво!
6.4.1 Напомени околу работењето на
двојна пумпа
Кога се употребуваат повеќе пумпи во една работна просторија, мора да постои
минимално растојание меѓу пумпите и ѕидот. Растојанијата зависат од видот на
постројката: Наизменична или паралелна работа.
d
A
2
A
1
Fig.3: Минимално растојание
d Дијаметар на хидраулично куќиште
A
1
Минимално растојание од ѕидот:
- Наизменична работа: мин. 0,3×d
- Паралелна работа: мин. 1×d
A
2
Растојание на притисочните линии
- Наизменична работа: мин. 1,5×d
- Паралелна работа: мин. 2×d
6.4.2 Одржување
Пред инсталацијата треба да го направите следното ако сте ја чувале пумпата
складирана повеќе од 6 месеци:
Да ги свртите работните кола.
Да го проверите маслото во просторијата на моторот.
Да го проверите маслото во заптивната комора.
6.4.2.1 Да го свртете работното коло
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работното коло и вшмукателната наставка имаат остри рабови!
Може да има остри рабови на работното коло и вшмукателната наставка.
Постои опасност од исекување на рацете! Треба да носите заштитни ракавици
за да се заштитите од исеченици.
Пумпата не е приклучена за електричната мрежа!
Поставена е заштитна опрема!
1. Поставете ја пумпата вертикално на цврста подлога.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!Опасност од нагмечување на дланките. Осигурете се
дека пумпата нема да падне или да се излизга!
2. Фаќајте се внимателно и полека за притисочната наставка во хидрауличното
куќиште и свртете го работното коло.
6.4.2.2 Проверете го маслото во
просторијата на моторот

Table of Contents

Related product manuals