EasyManua.ls Logo

Wilo FK 17.1 - Page 668

Wilo FK 17.1
1364 pages
Go to English
To Next Page IconTo Next Page
To Next Page IconTo Next Page
To Previous Page IconTo Previous Page
To Previous Page IconTo Previous Page
Loading...
mk Сервисирање
668 WILO SE 2019-01
има вода во просторијата на моторот или заптивната комора. Заменете го
маслото во заптивната комора со ново.
НАПОМЕНА!Кога вредноста и понатаму е ≤30kOhm, јавете се во службата за
односи со корисниците!
9.6.5.2 Проверете ја отпорноста на
температурниот сензор
Проверете ја отпорноста на температурниот сензор со омметар. Мора да се
почитуваат следните мерни вредности:
Биметален сензор: Мерна вредност = 0Ohm (премин).
PTC-сензор (Термистор): Мерната вредност е зависна од бројот на вградени
сензори. PTC-сензор нема отпорност на ладно меѓу 20 и 100Ohm.
Кај три сензори во серија мерната вредност е меѓу 60 и 300Ohm.
Кај четири сензори во серија мерната вредност е меѓу 80 и 400Ohm.
Pt100-сензор: Pt100-сензорите имаат отпорност од 100Ohm при 0°C (32°F).
Меѓу 0°C (32°F) и 100°C (212°F) отпорноста за секој 1°C (1,8°F) се зголемува за
0,385Ohm.
При температура на околината од 20°C (68°F), отпорноста изнесува 107,7Ohm.
9.6.5.3 Проверете ја отпорноста на
надворешната електрода за
надгледување на заптивна
комора
Измерете ја отпорноста на електродата со омметар. Измерената вредност мора
да биде спротивна на „бесконечност“. Кај вредности од ≤30kOhm значи дека има
вода во маслото, по што треба да се смени!
9.6.6 Напомена за употребата на
затворачка куглеста славина
Кога на отворот за испуст е поставетна затворачка куглеста славина, треба да се
внимава на следново:
Отстранете ги шрафовите за затворање пред отворање на затворачката куглеста
славина.
За да ги испуштите работниот материјал, завртете ја рачката во насока на
течењето (паралелно со затворачката куглеста славина).
За да го затворите отворот за испуст, завртете ја рачката обратно од течењето
(кон куглестата славина со муф).
Откако ќе ја затворите славината, завртете го шрафот за затворање.
9.6.7 Масло во просторијата на
моторот
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Работниот материјал е под висок притисок!
Во моторот може да се создаде притисок од повеќе бари! Притисокот се
намалува кога ќе ги отворите шрафовите за затворање. Доколку невнимателно
ги одвртите, може да се случи силно протекување! За да избегнете повреди,
внимавајте на следниве инструкции:
Придржувајте се до пропишаниот редослед на работните чекори.
Одвртувајте ги шрафовите полека и не целосно. Штом почне да се
ослободува притисокот (ќе слушнете како се испушта воздух), не вртете
повеќе!
Кога целосно е испуштен притисокот, комплетно одвртете ги шрафовите.
Носете затворени заштитни очила.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Изгореници поради жежок работен материјал!
Кога ќе се испушти притисокот, може да почне да прска жежок работен
материјал. Притоа може и да се изгорите! За да избегнете повреди, мора да
внимавате на следниве инструкции:
Оставете мотор да се излади на температура на околината, а потоа
отворете ги шрафовите за затворање.
Носете затворени заштитни очила или заштита за лицето, како и
ракавици.

Table of Contents

Related product manuals